Известување

Се известуваст граѓаните на општина Македонска Каменица дека на ден 01.09.2020 година едно лице вработено во општинската администрација на Општината е регистрирано како позитивен случај на COVID-19 (корона вирус), а уште неколку вработени се третираат како суспектни на вирусот. Поради превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) помеѓу вработените во општинската администрација, се воспоставува систем на работа од далечина за вработените во општинската администрација во општина Македонска Каменица во период од 03.09.2020 до 13.09.2020 година

Со цел граѓаните да можат да ди добијат услугите од општинската администрација, на влезната врата во Општината е истакната листа со телефонските броеви и електронски адреси на сите вработени.

Обработката на документите во Одделението за урбанизам, организацијата на социјалната политика и останатите активности, вработените ќе ги извршуваат од дома, со цел непречено функционирање на општината и услужување на нашите сограѓани.

Општина Македонска Каменица и градоначалничката Соња Стаменкова упатуваат апел до сите наши сограѓани да бидеме солидарни, одговорни, да се грижиме за нашето здравје и да ги почитуваме препораките на Владата и на Министерството за здравство, дека само така ќе го вратиме животот во нормала и сите заедно ќе излеземе како победници од моменталната ситуација.

Листата со телефонските броеви и електронски адреси на сите вработени во општина Македонска Каменица можете да ја видите на следниов линк.

Сподели

Остави коментар