Општина Македонска Каменица започна со реконструкција на спортскиот терен и простор во училишниот двор од СОУ „Миле Јаневски – Џингар“. Проектот опфаќа поставување на нова стандардизирана „FIBA“ опрема и подлога на теренот од кошаркарското игралиште и додатна урбана опрема на просторот од училишниот двор.
Изградбата на ново модерно кошаркарско игралиште и урбано уреден простор е иницијатива на општина Македонска Каменица, а истата ќе биде реализирана како заеднички проект со Рудник САСА.
Со ова допринесуваме „Школскиот двор“ во Македонска Каменица, да живее како урбано катче на многу идни генерации како и до сега и место кое младите ќе продолжат во подобри услови да го користат за спортски активности и дружење.