ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА

Почитувани сограѓани,

Во насока на зајакнување на одржливоста на општинските финансии и унапредување на процесот на фискална децентрализација, една од обврските на Општина Македонска Каменица е редовно и целосно прибирање на данок на недвижен имот од физички и правни лица, како и прибирање на комунална такса за истакната фирма и за користење на простор пред деловен објект од правните лица.

Од оваа причина, а имајќи во предвид дека веќе се донесени неколку одлуки на локално ниво, а потпишан е и Меморандум помеѓу USAID – Проект на USAID за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите и Општина Македонска Каменица, ги известуваме физичките и правните лица кои не се задолжени, а кои имаат обврска за плаќање на данок на недвижен имот, сами и најдоцна до 01.03.2022 година да го пријават својот имот во просториите на Општината. Истиот рок важи и за правните лица кои обавуваат дејност на подрачјето на Македонска Каменица, а кои не се задолжени со соодветна такса по основ на истакната фирма и користење на простор пред деловен објект.

По истек на овој рок, тимови од Општина Македонска Каменица ќе започнат теренска активност за задолжување на сите кои имаат обврска за плаќање на данок на имот, како и со репроцена на пазарна вредност на недвижен имот согласно „Одлуката за определување на зони за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот/градежни објекти, утврдување на пазарна вредност на градежно земјиште за град Македонска Каменица и населени места во општина Македонска Каменица и утврдување на пазарна вредност на недвижности и права на земјоделско земјиште“ донесена од Совет на општина Македонска Каменица на седница одржана на 13.10.2020 година.

Сподели

Остави коментар