ИЗВЕСТУВАЊЕ: Прскање против комарци во четврток и петок во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица упатува Соопштение до граѓаните дека во петок, на 25 јуни 2021 година, во раните утрински часови, ќе биде спроведено редовно авиотретирање против комарци.

Претходно, во четврток, 24. Јуни 2021 година, во доцните вечерни часови, ќе биде извршено и терастичното прскање против комарци во градската средина на општина Македонска Каменица.

Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.

Сподели

Остави коментар