Општина Македонска Каменица објавува Интерен оглас за унапредување на 1(еден) административнен службеник за следните работни места:
- УПР0101Б04000,Советник-Раковител на Одделение за урбанизам,комунални работи,заштита на животна средина и локален економски развој, 1(еден) извршител;
- Општи услови
-да е државјанин/ка на Република Северна Македонија;
-активно да го користи македонскиот јазик;
-да е полнолетен/а;
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење професија,дејности или должност.
- Посебни услови за работното место под точка еден(1) утврдени со актот за систематизација се:
*Ниво на стручни квалификации VI А степен според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1,географија ;
*најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалју една година работно место во јавен сектор,односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;
- Посебни работни компетенции за работното место:
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија(англиски, француски, германски);
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- Други посебни услови
-Потврда за административо управување;
- Потребни општи работни компетенции на напредно ниво за работно место
-учење и развој;
-комуникација;
-остварување на резултати;
-работење со други/тимска работа;
-стратешка свест;
-ориентираност кон клиенти/засегнати страни;
-финасиско управување
- Распоред на работното време:
Неделно работно време од понеделник до петок,работни часови неделно 40 а дневното работно време е 8(осум) работни часа (07.30часот-15.30часот);
- Платата за работно место е во паричен нето износ од 28.277,00 денари ;
Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните :
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Македонска Каменица ,кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација во Општина Македонска Каменица со архивски број 09-425/1 од 22.02.2016 година,Правилникот за измена на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Македонска Каменица со архивски број 09-758/1 од 10.04.2018 година и Правилникот за измени и дополнувања на Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Македонска Каменица со архивски број 09-357/1 од 06.02.2019 година, Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Општина Македонска Каменица со архивски број 09-334/1 од 06.02.2020 година,при ова административниот службеник треба да ги исполнува следните услови:
-да е оценет со оцена “А“ или “Б“ при последните три последователни оценувања;
-да е на работното место на непоредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;
-да поминал најмалку две години на тековното работно место и
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас;
Заитерисираниот административен службеник,поднесува пополнета Пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку Архивата на Општина Македонска Каменица и до службената електронска адреса на Општина Македонска Каменица: opstina@makedonskakamenica.gov.mk.
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови,можат да ги приложат и следните докази:
-потврди за успешно реализирани обуки и/или
-потврди за успешно реализирано менторство.
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае пет(5) дена од денот на објавување на web страната на Општина Македонска Каменица.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.
Согласно Годишниот план за вработување за 2021 година на општина Македонска Каменица со архивки бро:ј04-1272/1 од 17.08.2020 година работното место треба да биде пополнето со лице од македонската етничка заедница
НАПОМЕНА: Кандидатот/ката кој/а ќе достави лажни податоци во пријавата или се утврди дека доставил/а лажни податоци,ќе биде дискалификуван од натамошната постапка по овој Оглас.
ИНТЕРЕН ОГЛАС БР.01/2021 ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВА ПО ИНТЕРЕН ОГЛАС БР.01/2021 ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Соња Стаменкова