Известување: ЈП Камена Река отстранува поголем дефект на водоводната мрежа. Дел од градот без вода за пиење

Се известуваат корисниците на водоводната мрежа, дека денес 15.10.2018 година после 11:00 часот, поради дефект на главната водоводна линија на излезот од градскиот базен за водоснабдување, вода за пиење нема да имаат жителите на општина Македонска Каменица.

Водоводната мрежа ќе биде пуштена во употреба веднаш по замената на цевката и одстранувањето на дефектот.
ЈП Камена Река се заблагодарува на разбирањето.

Сподели

Остави коментар