Извршена дезинфекција на градските улици во Македонска Каменица

 

Во насока за заштита од појава и евентуално ширење на заразата од коронавирусот на територијата на општина Македонска Каменица, вечерва по 19 ч. екипи на ЈП “Камена Река” извршија дезинфекција на најфреквентните улици и тротоари во градот.

Дезинфекцијата спроведена како една од препорачаните мерки за спречување и заштита од коронавирусот се вршеше со раствор од хлор, а по однапред направен распоред на приоритетни и најфреквентните улици во градот.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3298943420119978&id=1249250158422658

Сподели

Остави коментар