Општина Македонска Каменица формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби

📯 Општина Македонска Каменица во соработка со Здружението на граѓани „Глас на еднаквоста“ формира мобилен тим со цел поголема колективна безбедност и превенција од корона вирусот COVID-19.
 
📍 Поради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот општина Македонска Каменица формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби од општината со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати луѓе и да се изложат на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19.
 
📍 Секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребни лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена ќе може да телефонира секој ден од неделата, во секој дел од денот, на следните телефонски броеви:
 
📞 078 651 089
📞 071 377 841
📞 078 416 528
📞 078 218 706
 
📍 После јавувањето доаѓа лице од мобилниот тим од општина Македонска Каменица и Здружението на граѓани „Глас на еднаквоста“ – Македонска Каменица во домот на нарачателот и ќе ја прими нарачката со соодветни средства за купување на истата! 🛒
 
Нема да дозволиме оваа вонредна околност да ги погоди најранливите! 🇲🇰
Македонска Каменица се грижи за возрасните! 🇲🇰
Јавното здравје е заедничка одговорност! 🇲🇰
 
#ОстанетеДома 🙏

Сподели

Остави коментар