Препораки и заклучоци донесени на Локалниот совет за превенција

 

Денес со почеток од 13 часот, се одржа состанок на Локалниот совет за превенција на општина Македонска Каменица. На состанокот беше разгледана актуелната состојба предизвикана од новиот вирус Ковид – 19 и во согласност со мерките на Министерството за здравство беа донесени следниве препораки и заклучоци:

 

 

  1. Преку службите на граничните премини, МВР во соработка со СВР и ОВР и останатите служби, да се достави список на повратници од странство кои се со постојано место на живеење во општина Македонска Каменица.

 

  1. Од страна на Пазарниот инспекторат и МВР да се зајакне контролата во работењето над трговските објекти, како во градската, така и во руралните средини.

 

  1. Производствените погони во делот на текстилната индустрија да го организираат работењето на вработените во услови пропишани со мерките на Министерството за здравство.

 

  1. Автоматите за автоматска послуга на кафе на Бензинската пумпа во градот да бидат поставени пред објектите и да го контролираат бројот на лица во самите објекти поради нивна и сигурност на клиентите.

 

  1. Препорака до образовните установи во соработка со Министерството за образование и Бирото за развој на образованието за воведување на online настава.

 

  1. Апел до родителите на учениците кои не посетуваат настава, учениците да не го користат училишниот двор и повеќенаменските игралишта за спорт и рекреација и превентивно да бидат задржани во сопствените домови.

 

  1. Сопствениците на аптеки, маркети и поголеми продавници во Општината да воведат режим на влез и престој во објектите.
    Бројот на клинети внатре во објектот да биде ограничен според големината на објектот, а останатите да чекаат во редица со пристојно растојание од минимум 1 метар.

 

  1. ЈП „Камена Река“ во соработка со ТППЕ Македонска Каменица да врши редовна дезинфекција на фрекфентните градски улици и јавни површини.

 

  1. Жителите во колективните стамбени живеалишта се задолжуваат редовно да вршат дезинфекција на влезовите, заедничките простории, подруми и лифтови.

 

  1. Апел до граѓаните до колку забележат повратници од странство кои не ја почитуваат забраната за движење со 14 дневна изолација во домашни услови веднаш да пријават на телефонскиот број 192 на МВР.

 

  1. 11. Старите и изнемоштени лица над 60 годишна возраст да ги користат услугите на мобилните тимови на општина Македонска Каменица, со повикување на телефонските броеви 078 651 089; 071 377 841; 078 416 528; 078 218 706.

Преку воспоставените телефонски линии овие граѓани можат да пријавуваат потреба од достава на лекови, средства за дезинфекција и храна. Со напомена дека самите го преземаат трошокот за набавка на истите.

 

  1. 12. Итно и неодложно да се пристапи кон затворање на зелените пазари на отворено, градскиот пазар, забавни паркови и повеќенаменските игралишта за целиот период додека траат мерките за превенција од ширење на болеста Ковид -19.

 

  1. 13. Преку локални и регионални медиуми редовно да бидат објавувани мерките на Министерство за здравсто за заштита од Ковид – 19, како и броевите за контакт со Центарот за јавно здравјеКочани и Штип, Мобилните тимови на општина Македонска Каменица, МВР и останатите надлежни служби за превенција и заштита од заразни болести.

 

  1. 14. Препорака до поголемите производствени субјекти кои организираат превоз на работниците да вршат редовна дезинфекција на превозните средства. Се препорачува и следење на донесените мерки на Министерството за здравство за ваков тип на превоз на работници.

 

 

  1. Во соработка со Центарот за јавно здравје – Кочани да се заврши процесот на вонредна и дополнителна дезинфекција во сите јавни установи.

 

 

Почитувани сограѓани,

Само со координираност во работењето на институциите, со совесност и одговорност во однесување на секој поединец можеме заедно да го спречиме ширењето и несаканите последици од болеста КОВИД-19.

 

Сподели

Остави коментар