Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по предлог на детален урбанистички план за блок 8, КО Каменица

Врз основа на член 35 став 10  од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016,163/16, 90/17, 64/18 и 168/18), член 2-а и член 2-б од Уредба со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (Сл.весник на Р.С.М бр.116/20) и член 49 од Статутот на општина М. Каменица   (Сл. Гласник на општина М. Каменица бр. 20/19), Градоначалникот на општина М. Каменица донесе

С О О П Ш Т Е Н И Е

            За организирање на ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА  И ЈАВНА АНКЕТА  по Предлог на Детален урбанистички план за блок 8, КО Каменица (плански период 2019-2024) општина  Македонска Каменица.

Урбаниот опфат на погоре наведениот план е  со површина од  12,17 ха.  и е дефиниран  со граница на блок 9, осовина на ул.Каменичка, и граница на ГУП односно ги опфаќа маалите Карадачка и Струјовска и  објектите источно од улица Каменичка.

Од север оди по граница на пласнки опфат со блок 9, oд западна страна со осовината на улица Каменичка, oд јужна страна граница на катастарски парцели односно до граница на опфат по ГУП, oд исток оди по граница на катастарски парцели односно до граница на опфат по ГУП;

Јавната анкета истовремено ќе се  спроведува и во електронска и во писмена форма.

Јавната анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е- урбанизам, а јавната анкета во писмена форма се спроведува со излагање на планот на јавно место во просториите на општината.

ЈАВНАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ќе се одржи на ден 30.07.2020 година во просториите на општина Македонска Каменица (сала за состаноци) со почеток од 12:00 часот;

Jавната презентација воедно ќе претставува и почеток на ЈАВНАТА АНКЕТА а истата ќе трае 10 работни дена, односно заклучно со 14.08.2020 година.

Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица Предлог на Детален урбанистички план за блок 8 (плански период 2019-2024) општина  Македонска Каменица, ќе биде изложен на Огласна Табла на Општина Македонска Каменица , на web страната на општината и  во е-урбанизам а подетални информации во врска за истиот ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам во општина Македонска Каменица.

Во споменатиот период може да се доставуват писмени забелешки, предлози и  мислења на Анкетен лист.

Анкетните листови за учество во Јавната анкета можат да се подигнат од просториите на Општината – одделение за урбанизам како и во електронскиот систем е-урбанизам во определениот рок.

Градоначалник
Соња Стаменкова

Сподели

Остави коментар