ЗАКЛУЧОЦИ ОД СОСТАНОКОТ НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ОДРЖАН НА 24.07.2020 ГОДИНА

ЗАКЛУЧОЦИ ОД СОСТАНОКОТ НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ОДРЖАН НА 24.07.2020 ГОДИНА
 
Денес, 24 јули 2020 година со почеток од 14 часот, се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување – Македонска Каменица.
Во рамки на расправата околу моменталната состојба со Ковид 19 во општина Македонска Каменица, помеѓу другото беше истакнато дека, степенот на почитување и спроведување на мерките и протоколите за заштита на личното и јавното здравје кај граѓаните, со одредени исклучоци, е на незадоволително ниво. Во таа насока, покрај редовините активности кои обезбедуваат колективна и лична заштита од Ковид 19, општина Македонска Каменица во наредниот период ќе продолжи интензивно да работи на подигање на свеста кај граѓаните и институциите за заштита на личното и јавното здравје.
 
Во согласност со мерките и протоколите на Владата, Комисијата за заразни болести и досегашните заклучоци од работата Општинскиот штаб за заштита и спасување, на денешниот состанок беа донесени следниве заклучоци и мерки за постапување:
 
1. Продолжување со редовна и воведување на вонредни акции за темелна дезинфекција на фрекфентните јавни површини во општина Македонска Каменица.
Според претходно утврдена динамика за работа на ЈП Камена Река и ТППЕ Македонска Каменица ќе бидат третирани забавните детски паркови, повеќенаменските отворени спортски игралишта, јавните површини како плоштад, плочници, паркови, урбана опрема и влезовите со заедничките простории во станбените живеалишта.
 
2. Општинскиот штаб за заштита и спасување Македонска Каменица бара од Државниот пазарен инспекторат и МВР да започне со засилени и редовни контроли во работењето на угостителските, трговските и производствените објекти на територија на општина Македонска Каменица во однос на почитувањето и придржувањето кон протоколите за заштита и спречување на ширење на заразата со Ковид 19.
 
3. Одржување на одделни средби со претставници од правните субјекти кои вршат угостителски, производствени и услужни дејности на територијата на општина Македонска Каменица, почнувајќи од 12:00 часот на 27.07.2020 година.
 
4. Граѓаните да избегнуваат присуство и организирање на јавни и приватни забавни настани, односно домашни веселби во затворен или на отворен простор, поради реална и зголемена можност од ширење на заразата со Ковид 19. Исто така, не се препорачува движење во поголеми групи без минимално потребно растојание, како и подолг престој на повеќе лица во затворени простории.
 
5. Општинскиот штаб за заштита и спасување апелира до граѓаните и сопствениците на трговските, услужните и угостителските објекти на територија на општина Македонска Каменица за почитување и строго придржување и спроведување на досега пропишаните протоколи и мерки за заштита од коронавирусот од страна на Владата и Комисијата за заразни болести.
 
 
Само така можеме да го зачуваме личното, здравјето на најблиските и јавното здравје во нашата заедница.

Сподели

Остави коментар