Изгласан буџетот на општина Македонска Каменица за 2020 година

Советот на општина Македонска Каменица на денешната 28-ма Седница на Совет на општина Македонска Каменица, со 6 гласа „ЗА“ и 5 гласа „ПРОТИВ“ го Усвои Буџетот на општината за 2020-та година како и Одлуката за извршување на Буџетот.

 

Вкупниот буџет е проектиран на 298.824.750,00 денари, а основниот буџет изнесува 209.635.750,00 денари. Најголемите капитални приходи се планирани по основ на експлоатација на минерални суровини во висина од 123.000.000,00 денари.Билансот на капиталните расходи на кои им се дава приоритет се во висина од 103.850,00 денари. Даночните приходи по основ на даноци се во висина од 17.009.000,00 денари, а од неданочни приходите се планирани 3.758.035,00 денари .Трансферите од други нивоа од власт се во висина од 63.562 715,00 денари.Кон ова се додаваат блок додациите во висина од 53.561.000,00 денари за основно образование, односно 17.600.000,00 денари за средно обраование. Блок дотациите за детската градинка се во износ од 10.408.000,00 денари, а за ТППЕ Македонска Каменица изнесуваат 1.000.000,00 денари. Средствата во Буџетот се планирани по соодветните програми согласно законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа на РСМ пропишани од Министерството за финансии.

 

 

Буџетот за 2020 година е реален и транспарентен ,изготвен по принципите на рационалност и наменско трошење со намалени непродуктивни трошоци и зголемени развојни програми во насока на максимална реализација на програмите и проектите кои се од интерес на граѓаните. Креиран е и на начин сите идеи и барања на жителите сублимирани од посетите по месните заедници да најдат место во општинскиот буџет со цел да бидат реализирани во текот на 2020 година.

Со денес изгласаниот буџет за 2020 година, за првпат во општина Македонска Каменица се предвидени средства за енергетска ефикасност на јавни објекти во висина од 1.000.000,00 денари. За реконструкција на капацитети во енергетиката 2.900.000,00 денати. Исто така во буџетот се предвидени 1.000.000,00 денари за инфраструктурно уредување на Индустриската зона во Македонска Каменица, додека за Програмата за заштита и одржување на локални патишта и улици се предвидени 3.000.000,00 денари.

Буџетските средства предвидени за изградба и реконструкција на улици и патишта во општина Македонска Каменица се во висина од 48.000.000,00 денари. За изградба на водоводи и системи за водоснабдување се издвоени 10.000.000,00 денари, односно 5.000.000,00 денари. Системите за одводнување и пречистување на отпадните води општината ќе ја чинат 5.000.000,00 денари, додека за уредување на речното корито, доградба на кеј на Каменичка Река и партерно уредување ќе бидат издвоени 15.000.000,00 денари.

Сподели

Остави коментар