Распишан тендерот за замена на надворешната столарија и трибините во спортската сала во „Св. Кирил и Методиј“

Општина Македонска Каменица распиша тендер за замена на столарија и санација на трибини на училишна спортска сала во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Отворената поседноставена постапка трае до 12.12.2019 година. Според претходно утврдена динамика, градежните работи треба да бидат извршени за време на зимскиот распуст на учениците, со што нема да се попречува наставата која тековно ќе се одвива во спортската сала.

Реконструкцијата на надворешнта столарија, трибините и поврзувањето на спортската сала се проекти во континуитет со кои се подобруваат условите за работа и настава. Учениците, спортистите и младите од Македонска Каменица имаат можност да спортуваат и да се рекреираат на комплетно заменетата теренска подлога. Старата и дотраена подлога е заменета со нова стандардизирана подлога со која спортската сала исполнува услови за меѓународни натпреварувања.

Сподели

Остави коментар