Продолжува хуманиот третман на кучињата скитници во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица ја продолжува практиката за хуман третман на кучињата-скитници. Од почетокот на Договорот за заловување и хумано третирање на кучиња, според однапред утврдена годишна динамика, извршено е заловување на вкупно 48 кучиња по пријави од граѓаните. При последното заловување извршено на 21.11.2019 година се заловени 8 кучиња.

Заловувањето го врши Ветеринарно-сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово, со кој согласно тендерската постапка, општината склучи договор во врметраење од една година и направи план и динамика за спроведување на оваа активност.

Согласно Законот за заштита и благосостојба на животните, заловените кучиња првин се стерилизираат, кастрираат и вакцинираат во Ветеринарно-сточарски центар „Тодор Велков“, а потоа се враќаат во средината од каде што се заловени.

За проблемот со кучињата скитници покрај дискусиите на седниците од Совет на општина Македонска Каменица, каде советниците редовно се запознаваат со начините и динамиката на делување, за овој проблем во повеќе наврати е разговарано и на седниците од Источниот плански регион на државата. Според проектните кооринатори во ИПР доколку се почне со стерилизација, кастрација и вакцинација на 70 одсто од бездомните кучиња, проблемот ќе се реши во период од две години. Потребна е волја да се постави систем за функционирање на привремени прифатилишта за кучиња скитници и нивни постојан третман.

Сподели

Остави коментар