Одбележан денот 3ти декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

По повод 3ти декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби градоначалникот на општина Македонска Каменица – Соња Стаменкова денс со почеток во 11 часот приреди коктел за лицата со попреченост.

„Вие не сте лица со посебни потреби туку лица со посебни способности!“ со овие зворови пред присутните во салата за сотаноци им се обрати Градоначалникот на општина Македонска Каменица на оваа група на граѓани која меѓу другото напомена дека во иднина треба да се зголеми директната соработката помеѓу локалната самоуправа и лицата со посебни потреби и интензивирање на соработката со повеќе здруженија и хуманитарни организации кои работат токму на надминување на секојдневните проблемите со кои се среќава оваа група на граѓани.

Социоекономското етаблирање на лицата со посебни потреби во општеството, ќе продолжи да се развива и преку работата на новиот Дневен центар во Македонска Каменица, кој наскоро ќе биде ставен во функција.

Со скромни подароци во рацете и огромни насмевки на своите лицата, лицата со посебни потреби низ песна и дружба го одбележаа денот посветен токму ним.

Сподели

Остави коментар