Посета на првите новороденчиња во 2019 година

Градоначалничката Соња Стаменкова денес, ги посети семејствата новороденчињата од Македонска Каменица, сите родени на 1-ви Јануари во Новата 2019 година.

Упатувајќи им честитки на семејствата, со желби за долг живот, добро здравје и многу среќа градоначалничката Стаменкова на новороденчињата им врачи вредносни чекови во износ од 10.000,00 денари, односно 20.000,00 денари за првороденото дете.

Минатата година општина Македонска Каменица на чело со градоначалничката Соња Стаменкова, донесе нова Програма за новороденчиња, со која износот на средства од 10.000,00 денари е зголемен на 20.000,00 денари за првородено дете во годината, односно 10.000,00 за секое новороденче, наместо поранешните 6.000,00 денари.

Сподели

Остави коментар