ПРИВРЕМЕНО УКИНАТИ ПРИЕМНИТЕ ДЕНОВИ И РАБОТА СО СТРАНКИ ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Почитувани,

Ве известуваме дека привремено се укинуваат приемните денови и прием на странки во општина Македонска Каменица, во сите сектори и одделенија на локалната самоуправа.

Ова е резултат на превентивните мерки издадени од Владата на Република Северна Македонија и Министерство за здравство, со цел да има помала фреквенција на лица во институциите и  да се спречи ширењето на коронавирусот.

Сите заинтересирани граѓани можат да продолжат со секојдневна комуникација со Општината, преку приложените официјални e – mail адреси и телефонски броеви, како и на социјалните мрежи.

Ви благодариме на разбирањето.

Сподели

Остави коментар