Продолжува традиционалната новогодишна солидарна акција кон постарите и изнемоштени пензионери во општина Македонска Каменица

Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и претставници на Здружението на пензионери, денес ја започнаа традиционалната солидарна акција, при која ги посетија домовите на изнемоштени и болни пензионери од општината. При посетата на домовите на 75 лица пензионери кои се ограничени со можноста за движење и присуство на останатите настани и манифестации организирани од Здружението на пензионери им беа поделени солидарни пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена.

Акцијата ќе продолжи и во наредните денови, кога ќе бидат посетени и пензионерите од приградските и селските средини.

Сподели

Остави коментар