Бабина Баница 2018

Општина Македонска Каменица во организација на Здружението на Пензионери ѝ оваа година ќе ја поддржи манифестацијата „Бабина Баница“. По тој повод Ве повикуваме да бидете дел од оваа манифестација која се организира по седми пат во атарот на село Цера во Туристичко Манастирскиот Комплекс „Еленец“.

Овој настанан оваа година прераснува во интернационален кој ќе биде збогатен со учесници од соседните Република Бугарија и Република Србија. Ги покануваме сите љубители на Македонската култура и традиција да повелат на 3ти Јуни (Недела) и заеднички да ја проследиме оваа манифестација. Минатата година на оваа манифестација беа присутни над 6000 посетители од целата Република кои веруваме дека оваа година ќе ги има и повеќе.

Сподели

Остави коментар