ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Локална урбанистичка документација (ЛУПД), со основна класа на намена Е2- комунална супраструктура, (кула – посматрачница и технички објекти за детекција и превенција на шумски пожари), на дел од КП бр. 2129 и дел од КП бр.1871, КО Саса, општина Македонска Каменица

Врз основа на член 35 став 3 и член 46 став 9 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.М. бр.199/2014, бр.44/2015, бр.193/2015, бр.31/2016,163/2016) и член 38 од Статутот на општина М. Каменица ( Сл. гласник на општина М. Каменица бр. 4/05), Градоначалникот на општина Македонска Каменица го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

            За организирање на ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Локална урбанистичка документација (ЛУПД), со основна класа на намена Е2- комунална супраструктура, (кула – посматрачница и технички објекти за детекција и превенција на шумски пожари), на дел од КП бр. 2129 и дел од КП бр.1871, КО Саса, општина Македонска Каменица.

Урбаниот опфат на погоре наведениот план е со површина од 0,23 ха. и е дефиниран со координати согласно геодетски елаборат, и зафаќа дел од КП 2129 и дел од КП 1871 , КО Саса.

Јавната анкета истовремено ќе се спроведува и во електронска и во писмена форма.

Јавната анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е- урбанизам, а јавната анкета во писмена форма се спроведува со излагање на планот на јавно место во просториите на општината.

ЈАВНАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ќе се одржи на ден 28.05.2018 година во просториите на општина Македонска Каменица (сала за состаноци) со почеток од 11:00 часот;

Jавната презентација воедно ќе претставува и почеток на ЈАВНАТА АНКЕТА а истата ќе трае 5 работни дена, односно заклучно со 01.06.2018 година.

Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица Локална урбанистичка документација (ЛУПД), со основна класа на намена Е2- комунална супраструктура, (кула – посматрачница и технички објекти за детекција и превенција на шумски пожари), на дел од КП бр. 2129 и дел од КП бр.1871, КО Саса, општина Македонска Каменица, ќе биде изложен на Огласна Табла на Општина Македонска Каменица , на web страната на општината и во е-урбанизам а подетални информации во врска за истиот ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам во општина Македонска Каменица.

Во споменатиот период може да се доставуват писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Анкетните листови за учество во Јавната анкета можат да се подигнат од просториите на Општината – одделение за урбанизам како и во електронскиот систем е-урбанизам во определениот рок.

Општина М. Каменица

Градоначалник

Соња Стаменкова

Сподели

Остави коментар