Видео: XVII Седница на Совет на општина Македонска Каменица | 04.02.2019 година

На 04.02.2019 година Советот на општина Македонска Каменица ја одржа својата 17-та редовна Седница. Најголем дел од точките на утврдениот Дневен Ред, покрај Предлог- Oдлуката за усвојување на Извештај за извршен попис на парични средства на жиросметките, благајната, побарувањата, градежните објекти, улици, патишта и опрема на општина Македонска Каменица за 2018 година и препораки по пописот на општина Македонска Каменица за 2018 година, како точки на иситот се најдоа и Предлог одлуките по основ на според претходно огласениот Јавен повик за финансирање на здруженија на граѓани, фондации и спортски клубови објевен од страна на општина Македонска Каменица на 09.01.2019 година.

Советот на општина Македонска Каменица на 17-та Седница распредели вкупно 4.500.000 денари на 15 апликанти. Со напомена дека, од страна на Советот на општина Македонска Каменица, е планирано да се извојуваат додатни срества со кои општината активно ќе се вклучи кон овозможување на основни услови за одржување и помагање во реализацијата на проектите организирани од правни и физички лица, кои во изминатиот период во континуитет работат во областа на културата и спортот во општината.

 

Табеларен приказ на распределени средства од Совет на општина Македонска Каменица *Средствата се изразени во денари

 

 

Видео материјалот од 17-та Седница можете да го проследите во продолжение:

 

Сподели

Остави коментар