Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002) и член 19 од Статутот на Општина Mакедонска Каменица (“Службен гласник на Општина Mакедонска Каменица” бр.20/2019 и 38/20), Претсeдателот на Советот на ЕЛС Mакедонска Каменица донесе:
РЕШЕНИЕ
За свикување на XL (40та) седница на Советот на ЕЛС Македонска Каменица
Седницата ќе се одржи он-лајн преку апликацијата ZOOM на ден 29.01.2021 година со почеток во 11:00 часот со следниот:
Дневен ред
- Усвојување на предлог-записник од 39та седница на Советот на општина Mакедонска Каменица
- Предлог- Oдлука за усвојување на извештај за извршен попис на парични средства на жиросметките, благајната, побарувањата, градежните објекти, улици, патишта и опрема на општина Македонска Каменица за 2020 година.
- Предлог-Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта на подрачјето на општина Македонска Каменица за 2020 година.
- Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта на подрачјето на општина Македонска Каменица за 2021 година.
- Предлог-Извештај за реализација на Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Македонска Каменица во 2020 година.
- Предлог-Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Македонска Каменица во 2021 година.
- Предлог-Извештај за реализација на Програмата за изградба на водоводна и канализациона мрежа во општина Македонска Каменица во 2020 година.
- Предлог-Програма за изградба на водоводна и канализациона мрежа во општина Македонска Каменица во 2021 година.
- Предлог-Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Македонска Каменица за 2021 година.
- Предлог-Програма за работа на Советот на општина Македонска Каменица за 2021 година.
- Предлог-Програма за работа на Комисијата за родова рамноправност за 2021година.
- Предлог-Програма за активностите на општина Македонска Каменица за подршка на НВО секторот во 2021 година.
- Предлог-Програма за активностите на општина Македонска Каменица во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2021 година.
- Предлог-Програма за активностите на општина Македонска Каменица во областа на локален економски развој во 2021 година.
- Предлог-Програма за активностите на општина Македонска Каменица во областа на меѓународната соработка во 2021 година.
- Предлог-Програма за активностите на општина Македонска Каменица во областа на спорт и млади во 2021 година.
- Предлог-Програма за активностите на општина Македонска Каменица во областа на социјалната заштита во 2021 година.
- Предлог-Програма за активностите на општина Македонска Каменица во областа на културата во 2021 година.
- Предлог-Програма за активностите на општина Македонска Каменица во областа на образованието во 2021 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај на ФК „Каменица-Саса” Македонска Каменица за одобрените парични средстава од општина Македонска Каменица за 2020 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај на ЗГ „Надеж-Норе“ Македонска Каменица за одобрените парични средстава од општина Македонска Каменица за 2020 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај на КК „Баскет Кам” Македонска Каменица за одобрените парични средстава од општина Македонска Каменица за 2020 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај на ЗГ ЖФК „Каменица Саса” Македонска Каменица за одобрените парични средстава од општина Македонска Каменица за 2020 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај на Пчеларско Здружение „ЕКО КАМ МЕД“ Македонска Каменица за одобрените парични средстава од општина Македонска Каменица за 2020 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај на ЗГ„ВАЛХАЛАФИН” Македонска Каменица за одобрените парични средстава од општина Македонска Каменица за 2020 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај на КУД „Вера Јоциќ” Македонска Каменица за одобрените парични средстава од општина Македонска Каменица за 2020 година.
- Предлог – Одлука за усвојување на Финансиски извештај на Здружение на пензионери Македонска Каменица за одобрените парични средстава од општина Македонска Каменица за 2020 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај на ЗГ„ ЕЛЕНЕЦ ЦЕРА” с. Цера Македонска Каменица за одобрените парични средстава од општина Македонска Каменица за 2020 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај на ЗГ„ПИНГ ПОНГАРСКИ КЛУБ САСА” Македонска Каменица за одобрените парични средстава од општина Македонска Каменица за 2020 година.
- Разно.
Совет на општина Mакедонска Каменица
Претседател
Иван Кузмановски