Започна чистењето на снегот од улиците и тротоарите во Македонска Каменица

 

Јавното претпријатие „Камена Река“ и економскиот оператор, кој според претходно спроведена тендерска постапка е задолжен за извршување на услуги за зимско одржување на патишта во Општината започнаа со чистење на улиците, тортоарите, пешачките патеки, улиците кон приградските средини и главните локални патишта до селските средини на територијата на општина Македонска Каменица.
Мобилизирани се повеќе екипи за рачно чистење на тротоарите и улиците во градот, како и крупна механизација која е активирана за чистење на улиците според претходно утврдена приоритетна листа на улици и патишта.
Според најавите дека врнежите ќе продолжат и во текот на вечерните часови, екипите и крупната механизација за чистење на улици и патишта, остануваат на терен со интензивно работење. Исто така во текот на денешниот ден, улиците во градското подрашје се третирани и со нанесување на потребните количини на сол и песок, ко треба да го оленсат движењето на пешаците и автомобилите, како и олеснето топење на снежната покривка.

ЈП Камена Река од Македонска Каменица апелира до граѓаните да пристапат кон чистење на пристапните патеки до влезовите и дворовите од нивните живеалишта, со што ќе се олесни нивниот пристап и непречено движење.

Сподели

Остави коментар