Одлука за избор на кандидат за унапредување по Интерен оглас број 02/2022

Врз основа на член 52 став 1 од Законот за административни службеници („Службен Весник на Република Македонија” бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 80/16, 127/16, 142/16, 2/17, 16/17, 11/18), член 50 став 1 точка 14 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Р.Македонија“ бр.5/02) и член 49 од Статутот на општина Македонска Каменица („Службен гласник на општина Македонска Каменица“ бр.20/2019 и 38/20), Градоначалникот на општина Македонска Каменица донесе:

Одлука за избор на кандидат за унапредување по Интерен оглас број 02/2022

1. За извршител на работно место Советник за локален развој на индустриска зона и управување со градежно земјиште, со шифра на работно место УПР 0101В01000, во Одделение за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и локален економски развој, СЕ ИЗБИРА кандидатот Марија Јовановска.
2. Именуваниот кандидат ке биде унапреден на работно место по претходниот став, по завршување на постапката за избор и конечноста на оваа одлука, врз основа на Решение за унапредување на административниот службеник донесено од Градоначалникот на општина Македонска Каменица
3. Оваа Одлука ке биде доставена до избраниот кандидат и објавена на интернет страницата и Општина Македонска Каменица.

О б р а з л о ж е н и е

По Барање бр.04-2222/4 од 24.11.2022 година на општина Македонска Каменица за објавување на интерен оглас за унапредување на еден административен службеник, Агенцијата за администрација на ден 28.11.2022 година на интернет страницата на Агенцијата за администрација и на интернет страницата на општина Македонска Каменица објави интерен оглас 02/2022 за унапредување на еден административен службеник во општина Македонска Каменица, за работно место Советник за локален развој на индустриска зона и управување со градежно земјиште, шифра УПР0101В01 000, во Одделението за урбанизам, комунални дејности,заштита на животната средина и локален економски развој.

Со Решение бр.04-2222/10 од 01.12.2022 година донесено од страна на Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, формирана е Комисија за селекција за унапредување по Интерен оглас. Во функција на спроведување на постапката за селекција за унапредување на административен службеник за извршување на работните задачи од став 1 на оваа Одлука, а по објавениот Интерен оглас за унапредување на административен службеник број 02/2022 од 28.11.2022 година, Комисијата за селекција за унапредување изготви Записник од административна селекција за Интерен оглас со број 04-2222/17 од 07.12.2022 година и Записник од работата на Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник заради спроведување на интервју со број 04-2222/18 од 07.12.2022 година со прилог финална ранг листа на интервјуираните кандидати и предлог одлука за избор на прво рангираниот кандидат и ги достави до Градоначалникот на општина Македонска Каменица за понатамошно постапување.
Врз основа на горенаведеното, Градоначалникот на општина Македонска Каменица, одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
Оваа Одлука ке биде доставена до избраниот кандидат и објавена на интернет страницата и Општина Македонска Каменица.

ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука незадоволниот кандидат може да изјави жалба до Агенцијата за администрација, во рок од 8 (осум) дена од денот на нејзиниот прием.

ГРАДОНАЧАЛНИК

Димчо Атанасовски

Сподели

Остави коментар