Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.5/2002), член 19 од Статутот на Општина Македонска Каменица ( Службен гласник на Општина Македонска Каменица бр.20/19 и 38/20),член 43 став 5 од Деловникот за работа на Советот, Претседателот на Советот на Општина Македонска Каменица донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на XVIII (18 –та) седница на Советот на
Општина Македонска Каменица
Седницата ќе се одржи на ден 27.02.2023 година со почеток во 17.00 часот во салата за состаноци во Домот на културата со следниот:
Д н е в е н р е д
- Усвојување на предлог-записник од 17-та седница на Советот на Општина Македонска Каменица
- Усвојување на предлог-записник од вонредната седница на Советот на Општина Македонска Каменица
- Предлог-Правилник за ослободување од плаќање на комунална такса за јавно осветлување на територијата на Општина Македонска Каменица;
- Предлог-Решение за именување на членови на Комисија за проценка и утврдување на надомест на штета од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Македонска Каменица;
- Предлог-одлука за усвојување на Решение за запирање на Одлука бр.08-191/1 од 31.01.2023 г., за донесување на Правилник за наградување на талентирани спортисти од Македонска Каменица;
- Предлог-одлука за воспоставување на Меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Македонска Каменица и Општина Кратово за извршување на надлежноста од областа на внатрешната ревизија;
- Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за јавно осветлување за број на корисник 007748027-Зграда степеници 1/2 ул.Гоце Делчев бр.01 Македонска Каменица;
- Предлог-Одлука за усвојување на Програма за работа и развој на ЈП ,,Камена Река,, за 2023 година;
- Предлог-Одлука за отстапување на објектот ,,Куќа на спортот,, од Општина Македонска Каменица на ЈП,,Камена Река,, Македонска Каменица, за стопанисување и одржувањена;
- Предлог-Одлука за усвојување на финансиски извештај и завршна сметка на ООУ,,Св.Кирил и Методиј,, Македонска Каменица;
- Предлог-Одлука за усвојување на Самоевалуација на СОУ,,Миле Јаневски Џингар,,Македонска Каменица за периодот 2020-2022 година.
- Предлог-Одлука за отпочнување на активности за редовно ажурирање на ,,Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Македонска Каменица од сите ризици и опасности,,.
- Предлог-Одлука за усвојување на барање за донација на книги на клонот ,,К.П.Мисирков,, Македонска Каменица – ЈЛБ,,Илинден,, Делчево.
- Предлог-Правилник за бесплатен оброк на ученици од социјално ранлива категорија во ООУ,,Св.Кирил и Методиј,,Македонска Каменица;
- Предлог-Одлука за усвојување на барање на Круме Алексовски од Македонска Каменица за надомест на штета како последица на пожар;
- Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Стојан Николовски од Македонска Каменица;
- Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Елеонора Убипарип Новоселска од Македонска Каменица;
- Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Маца Иванова од Македонска Каменица;
- Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Даринка Златановска од Македонска Каменица;
- Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Манасија Стојчевски од Македонска Каменица;
- Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Стојмир Ѓорѓиевски од Македонска Каменица;
- Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Роза Стаменковска од Македонска Каменица;
- Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Адријана Николовска од Македонска Каменица;
- Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на финансиски средства на Дамјан Стоименовски од Македонска Каменица за издавање на песна;
- Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на финансиски средства на Верка Стоилова од с.Дулица Македонска Каменица заради смрт на сопругот и тешка финансиска состојба;
- Набавка на возило за итна медицинска помош и возило за дневниот центар;
- Предлог-одлука за усвојување на Ребаланс на Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2023 година;
- Предлог-Одлука за извршување на Буџет на Општина Македонска Каменица за 2023 година согласно измените и дополнувањата по насоки од Министерството за финансии;
- Разно.
Совет на Општина Македонска Каменица
Претседател,
Анета Стојчевска
Изготвил: Анета Темчева