Јавен повик за финансирање на здруженија на граѓани, фондации и спортски клубови за 2020 година

Врз основа на Програмите за работа на Советот на општина Македонска Каменица, градоначалникот на општина Македонска Каменица го распишува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК

Со кој се известуваат сите заинтересирани Здруженија на граѓани и фондации, како и   спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот дека согласно програмите за работа на Советот на општина Македонска Каменица за 2019 година, доколку сакате Вашата активност да биде финансиски поддржана од Буџетот на општина Македонска Каменица потребно е да доставите барање до Советот на општина Македонска Каменица.

Со барањето потребно е да доставите и:

  • Тековна состојба (да не биде постара од шест месеци од денот на поднесување на апликацијата);
  • Статут;
  • Годишна програма за работа;
  • Наративен и финансиски извештај за последната година ;
  • Листа на реализирани проекти, домашни и заеднички проекти со Општината (доколку здружението постои повеќе од една година).

Јавниот повик се однесува на Здруженија на граѓани и фондации, како и спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот чие седиште е на територијата на општина Македонска Каменица.

Потребната документација треба да ја доставите најдоцна до 16.01.2020 година заедно со посебен формулар кој може да го превземете ОВДЕ од WEB страната на општина Мaкедонска Каменица на адреса www.makedonskakamenica.gov.mk , или пак да го подигнете во просториите на општина Мaкедонска Каменица.

Сподели

Остави коментар