АКТИВНОСТИ

Поради лоши временски услови прскањето против комарци во Македонска Каменица е одложено

Поради лошите временски услови, појава на дожд и магла во раните утрински часови, најавеното авиотретирање и терастично прскање против возрасни комарци е одложено. За терминот кога најавеното авиотретирање и терастично прскање против возрасни комарци ќе биде спроведено, граѓаните и пчеларите од Македонска Каменица ќе бидат дополнително известени.

Јавен повик за start-up бизниси од Центарот за развој на ИПР

Центарот за развој на Источен плански регион во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, објави повик за млади невработени лица со постојана адреса на живеење во општините во рамки на Источниот плански регион, кои имаат претприемнички дух и визија за започнување на сопствен бизнис. Целта на Јавниот повик е…

Во вторник и среда терастично и авиотретирање против комарци во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека во среда, на 10 јули 2019 г. во периодот меѓу 04:00 и08:00 часот наутро, екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово на територијата на општина Македонска Каменица ќе спроведат авиотретирање против комарци. Претходно, во вторник 09. Јули 2019 година помеѓу 22:00 и 24:00 часот ќе биде извршено…

Работни состаноци за изработка на ЛЕР и ЛЕАП на општина Македонска Каменица

  Општина Македонска Каменица започна со одржување на редовните состаноци за изработка на Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП) и Локален економски развој (ЛЕР). Работната група за изработка на Локален еколошки акционен план за животна средина (ЛЕАП) за Општина Македонска Каменица, го одржа вториот работен состанок. Покрај воведното обраќање на Координаторот на проектот, на состанокот беа…

Во недела се одржува Меѓународната средба „Балкан без граници“ на врвот Руен

Македонска Каменица, 28. Јуни 2019 година – Руен по триесети пат ќе ги собере љубителите на планината од Македонија и Бугарија на традиционалната Меѓународна средба „Балканот без граници“. Оваа средба, во организација на Еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица, „Руен“ од Крива Паланка и туристичкото друштво „Осогово“ од Ќустендил ќе се одржи по триесети…