АКТИВНОСТИ

СРЕДБА СО НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ

Денес, во просториите на општина Македонска Каменица, градоначалникот Соња Стаменкова оствари прва работна средба со новите претседатели на Месни заедници. Најпрвин им го честиташе изборот, а ги претстави и проектите и програмските активности кои ќе бидат реализирани во наредниот период. На новите претседатели им беше укажано дека сите предлози од нивните месни заедници можат да…

НОВИ ДЕКОРАТИВНИ ЗИМЗЕЛЕНИ ДРВЦА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Денес, на неколку локации во централното градско подрачје во Македонска Каменица се засадуваа нови декоративни зимзелени дрвца. Во оваа акција, покрај општинската администрација и вработените во ЈП „Камена Река“ учествуваа и вработени и ученици од СОУ „Миле Јаневски Џингар“. Засадени се околу 400 садници во дворот на средното училиште, кај споменикот на Вера Јоциќ, пред…

Рудник „Саса“ отвори канцеларија во Македонска Каменица

Денес, генералниот директор на Рудник „Саса“ г-дин Нил Стевенсон и градоначалникот на општина Македонска Каменица г-ѓа Соња Стаменкова свечено ја отворија новата канцеларија на Рудник „Саса“ во Македонска Каменица. Канцеларијата е сместена на вториот кат во општинската зграда (поранешен Дом на рудари) и истата ќе работи секој петок од 08:00 до 16:00 часот. Овој нов…

Општина Македонска Каменица ќе го зголемува и бројот и износот на стипендиите за ученици и студенти

Македонска Каменица, 09.03.2018 – Со измени во Правилникот за стипендирање на ученици и студенти, општина Македонска Каменица ќе го зголеми бројот на стипендирани ученици и студенти, а ќе се зголеми и износот на стипендиите. Согласно предложените измени кои ќе бидат доставени до Советот на ЕЛС Македонска Каменица веќе на мартовската Седница, предвидено е да се…

ОТЧЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА СОЊА СТАМЕНКОВА (ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Почитувани сограѓани, Поминаа сто дена од преземањето на локалната власт во општина Македонска Каменица. Ова е период во кој силно се насочивме кон создавање на отворена и услужна општина за сите каменичани, период на градење нов препознатлив имиџ на општина кој е партнер на…