АКТИВНОСТИ

Општина Македонска Каменица денес слави 21-ви роденден

На денешен ден, на 14-ти декември 1996 година е конституиран првиот Совет на општина Македонска Каменица. На овој ден започнува функционирањето на Македонска Каменица како самостојна општина и создавање на локални установи и институции. Денес, Македонска Каменица слави 21-ви роденден и цврсто чекори кон светла и прогресивна иднина.

СО РЕДИЦА МЕРКИ, ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЌЕ ЈА ПОДОБРУВА НАПЛАТАТА НА ЛОКАЛНИ ТАКСИ

Општина Македонска Каменица со низа мерки ќе ја подобрува наплатата на данок на имот и фирмарина, од физички и правни лица кои ги немаат подмирено своите обврски во изминатиот период. Најпрвин ќе биде извршено ажурирање на податоците на даночните обврзници, по што ќе се започне со доставување на решенија за наплата на заостанатите долгови. Опомените…

Одбележан денот 3ти декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

По повод 3ти декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби градоначалникот на општина Македонска Каменица – Соња Стаменкова денс со почеток во 11 часот приреди коктел за лицата со попреченост. „Вие не сте лица со посебни потреби туку лица со посебни способности!“ со овие зворови пред присутните во салата за сотаноци им се обрати Градоначалникот…

Координациона средба меѓу РЦУК и општина Македонска Каменица.

Co цел за продолжување и унапредување на досегашната соработка, комуникација и коордннација соглагно Законот за управување со кризи, денес Градоначалникот на општина Македонска Каменица Соња Стеманкова оствари средба со Раководителот на Регионалниот Центар за Управуцвање со Кризи од Делчево – Драган Балас. На средбата беа присуствуваа и Виктор Ристовски – Помлад соработник за заштита, спасување…

Нов начин на работа на месните заедници во општина Македонска Каменица

Заради реализација на проектот „Граѓаните одлучуваат – креираме граѓански буџет“, градоначалникот Соња Стаменкова оствари средба со претседателите на месните заедници во Македонска Каменица. На средбата е договорено да се организираат состаноци на кои ќе присуствуваат претставници од општинската администрација и претставници на месните заедници, на кои ќе бидат утврдени приоритетните проекти за секоја Месна заедница…