Распишан тендер за реконструкција на електричното осветлување на кејот на Каменичка Река

Општина Македонска Каменица распиша тендер за реконструкција на електричното осветлување на градскиот кеј на Каменичка Река. Јавниот оглас за прибирање на понуди започна на 06.12.2019 година, а ќе трае до 23.12.2019 година, заклучно ссо 12 часот.

По изградбата на кејот и каскадното уредување на коритото на Каменичка Река, ова е нов проект на општина Македонска Каменица за целосно уредување и разубавување на овој дел од градот. Оваа рекнструкција на електричното осветлување го опфаќа целиот уреден дел на кејот. Во наредниот период на градскиот кеј општина Македонска Каменица дополнително ќе изгради уште неколку мостови, кои според потребите на граѓаните и фрекфентноста во сообраќајот значително ќе го олеснат движењето во градската средина.

Сподели

Остави коментар