ПОЧЕТНА

„Камена река“ ќе го собира градежниот шут и дотраениот мебел од Каменица

На иницијатива на општина Македонска Каменица, Јавното претпријатие „Камена Река“ ќе започне со собирање на градежен шут и непотребен мебел. Поради тоа, Ј.П. ,,Камена Река” како главен сервис на граѓаните на општина Македонска Каменица, ги известува корисниците на комунални услуги дека ќе врши изнесување и депонирање на градежен шут (кој претходно треба да биде соберен…

Зголемен е паричниот надомест за новородено дете во Каменица. Првото новороденче во 2018 година ќе добие 20.000 денари.

Општина Македонска Каменица, со Одлука на Советот за измена на Правилникот го зголеми паричниот надомест кој се исплаќа на секое новородено дете на подрачјето на Македонска Каменица. Првото новороденче ќе добие 20.000 денари, а останатите новороденчиња во 2018 година ќе добиваат еднократен паричен надомест од 10.000 денари. Досега, Општината исплаќаше по 6.000 денари за секое…

Во петокот се оддржа хуманитарен новогодишен базар

Во петок, во училишниот двор на средното училиште, а во организација на СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ЈОУДГ „Бамби“ и со активна вклученост на лица со посебни потреби, се оддржа хуманитарен новогодишен базар. Големиот број новогодишни украси, честитки и реквизите се продаваа по симболични цени, а собраните средства ќе бидат донирани…

Општината и Рудникот поделија новогодишни пакетчиња и за основците

Градоначалникот на општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова и финансискиот директор во Рудник Саса, г-дин Дејан Спасевски поделија новогодишни пакетчиња и за учениците во Основното училиште „Св.Кирил и Методиј“. Доделувањето новогодишни пакетчиња е настан кој се одвива веќе неколку години и е дел од поширока социјална активност која заеднички ја реализираат општина Македонска Каменица и…

КОКТЕЛ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Денес, во ресторан „Иднина“, општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“ организираа коктел за лица со посебни потреби од нашиот град. Градоначалникот г-ѓа Соња Стаменкова и финансискиот директор на Рудник „Саса“ г-дин Дејан Спасевски на овие лица им доделија новогодишни пакетчиња, а за возврат добија големи новогодишни честитки. Поддршката за лицата со посебни потреби и нивната…