ПОЧЕТНА

Завршено поставувањето на атмосферската канализација на улица „Македонска“

Општина Македонска Каменица продолжува со активности за подобрување на комуналната и патната инфраструктура во градското подрачје. На улица „Македонска“ е завршено поставувањето на атмосферската канализација, со што е реализирана значајна фаза од инфраструктурното уредување на оваа улица. Со новиот систем се создаваат услови за поефикасно прифаќање и одведување на атмосферските води, намалување на нивното задржување…

Слаткаристика ќе настапи на новогодишниот дочек во Македонска Каменица

Македонска Каменица ќе ја дочека Новата 2027 година со голема прослава на Градскиот плоштад, на која главна музичка ѕвезда ќе биде популарниот македонски изведувач Марко Маринковиќ – Слаткаристика. По две децении успешна музичка кариера, бројни хитови, распродадени концерти и настапи пред илјадници посетители, Слаткаристика за првпат ќе биде дел од централната новогодишна прослава во Македонска…

ЈАВЕН УВИД И ПОКАНА ЗА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЦРТ АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА И КЛИМА НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Општина Македонска Каменица ја објавува на јавен увид нацрт-верзијата на Акцискиот план за одржлива енергија и клима (СЕКАП) за периодот 2026-2030 година, со цел граѓаните и сите заинтересирани страни да се запознаат со неговата содржина и да се вклучат во процесот на негово доработување. СЕКАП претставува стратешки документ со кој се утврдуваат приоритетите и мерките на…

Општина Македонска Каменица ги информира граѓаните, институциите, граѓанските организации и сите заинтересирани страни дека на 15 октомври 2026 година, во Штип, ќе се одржи јавна расправа за Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040, во рамки на Источниот плански регион. Јавната расправа има за цел запознавање на јавноста со предложените плански решенија, како и овозможување…

Шест апликации на првиот Јавен повик за „Енергетско ефикасни домови“

Заврши првиот Јавен повик за изработка на проектна документација и поставување на енергетско-ефикасни фасади и реконструкција на кровови на станбени згради за колективно домување во Општина Македонска Каменица. На повикот се поднесени вкупно шест апликации, за кои по извршената евалуација и рангирање е утврдено дека се комплетни. Сите апликации ќе поминат во следната фаза и…