ПОЧЕТНА

Жителите на Павлиш дол добија асфалтирани пристапни патишта до своите домови

Општина Македонска Каменица продолжува со заложбите за подобрување на условите за поквалитетен и подобар живот на жителите од селските и приградски средини. За таа цел, во текот на изминатите денови беа асфалтирани повеќе пристапни патишта во Павлишдолско маало, со вкупна должина од 110 метри или вкупно 400 m2 асфалт. Вкупната вредност на проектот е 2.150…

Чистење и санација на изворите за вода од водоводната мрежа

Општина Македонска Каменица во рамките на своите овластувања и планирани програмски активности константно работи на одржување на системите за вода, со цел сите граѓани во општината постојано да имаат чиста вода за пиење. ЈП Камена Река како изведувач на активностите во изминативе три дена работеше на санација на захват за вода “Китка”. Извршено е комплетно…

Најстариот жител на Македонска Каменица, денес го слави својот 100-ти роденден

Најстариот жител на општина Македонска Каменица, Пракса Стојковска денес го прослави својот јубилеен 100-ти роденден. Пракса Стојковска родена во 1918 година, денес таа живее во село Дулица заедно со дел од своите синови, внуци и паравнуци. Денес, во домот на фамилија Стојковски беше приредена мала прослава на која присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица,…

Македонска Каменица, 30.10.2018 г. –  Македонска Каменица станува дел од големиот општествено одговорен проект на  компанијата Coca-Cola и Пивара Скопје т.н „Coca-Cola Активни зони“, каде денеска беше поставена 15-тата јубилејна зона. Во присуство на граѓани од сите генерации, бројни претставници на спортските друштва и медиумите, претставниците на Пивара Скопје и Општината, свечено го пуштија во…

Започна спроведувањето на Програмата за општинско корисна работа

Започна имплементацијата на Програмата „Општинско-корисна работа 2018“, која е финасирана од УНДП и АВРМ во соработка со општина Македонска Каменица. Во Програмата за „Општинско-корисна работа“ според потребите на Општината и граѓаните се ангажирани 19 лица од Македонска Каменица.     Како Лични асистенти во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ се вклучени 3 лица, во Дневниот центар…