Општина Македонска Каменица ги информира граѓаните дека поради одржувањето на манифестацијата „Ден на дијаспората 2026“, во периодот од 05:00 часот во недела, 9 август, до 12:00 часот во понеделник, 10 август 2026 година, ќе има изменет режим на сообраќај во централното градско подрачје. За сообраќај ќе биде затворен дел од улицата „Александар Македонски“, на потегот…
НАСТАНИ
Ацо Пејовиќ доаѓа во Македонска Каменица на 28 август
„Каменичко културно лето 2026“ ќе има голема завршница со настапот на една од најпознатите балкански музички ѕвезди. На 28 август, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, ќе настапи Ацо Пејовиќ. Пејовиќ доаѓа со комплетен состав, а публиката ја очекува големо музичко шоу кое ќе трае повеќе од два часа. Во текот на концертот ќе бидат…
Работна средба со дијаспората во рамките на „Денот на дијаспората“
Во рамките на „Денот на дијаспората“, во недела во Македонска Каменица ќе се одржи работна средба на градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, со нашите сограѓани кои живеат и работат во странство. Средбата ќе се одржи во фоајето на Домот на културата, со почеток во 18:00 часот. Целта на средбата е да се отвори…
BLUE ќе настапат на 28 август на „Каменичко културно лето 2026“
„Каменичко културно лето 2026“ продолжува со уште една музичка вечер на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. На 28 август ќе настапи BLUE, македонската музичка атракција позната по своите енергични настапи и одличната атмосфера која ја создава со публиката. Со својата препознатлива енергија, BLUE ќе ја загреат атмосферата и ќе бидат предгрупа на главната ѕвезда на…
Мирза Селимовиќ доаѓа во Македонска Каменица на „Каменичко културно лето 2026“
Босанската поп ѕвезда и еден од најизвонредните вокали на Балканот, Мирза Селимовиќ, доаѓа во Македонска Каменица во рамките на „Каменичко културно лето 2026“. Големото музичко шоу е закажано за 27 август на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, каде публиката ќе има можност да ужива во неговите познати хитови и препознатливиот вокал. Мирза Селимовиќ важи за…




