Дигитализирана Општина Македонска Каменица

Половина од граѓаните не знаат дека општините им нудат услуги онлајн

Програмата за развој на Oбединетите Hации (УНДП) спроведе истражување за обемот на искористеноста на е-услуги во институциите во зeмјата. Според истражувањето, 86% од граѓаните никогаш не користеле е-услуга на општината, наведувајќи различни причини. Најголем дел (48%) не знаеле дека услуги кои се добиваат на шалтер можат да се добијат и онлајн.

Во прашалникот, како причини за слабата искористеност на е-услугите дел од испитаниците навеле и дека поедноставно им е да појдат во општинските канцеларии (15%), како и технички предизвици при користењето (12%).

Дигиталната трансформација на општините не само што нуди подобри услуги за граѓаните, туку и помага во намалување на трошоците и ризиците за корупција.

Еден од примерите за успешна дигитализација е платформата за е-услуги, ЛОГЕС, првиот софтвер во државата за услуги на локално ниво. Развиен од УНДП, овој софтвер веќе функционира во 25 општини и нуди услуги во секое време, секаде во светот каде што има интернет конекција. ЛОГЕС осигурува безбедно онлајн плаќање и добивање на услугата од општината веднаш, по електронски пат, без да се помине ни минута во општинската зграда.

Нашата општина во соработка со УНДП и Центарот за развој на Источен плански регион преку платформата е-услуги на граѓаните им нуди 20 (дваесет)онлајн услуги, но бројот може да се зголеми соодветно на потребите на граѓаните, затоа што ЛОГЕС има опција за воведување нови услуги.

Ред. Бр. Тип на услуга Модул Тип на корисник
1 Следење и контрола на процес при легализација на дивоградби Урбанизам правни и физички
2 Барање за издавање извод од урбанистички план правни и физички
3 Барање за издавање потврда за катастарска парцела (опфат на урбанистички план) правни и физички
4 Барање за издавање потврда за точна адреса, промена на улица и број правни и физички
5 Инцијатива за воведување инспекциска постапка правни и физички
6 Барање за користење јавни прометни површини (плоштади и други јавни места; продажба на ситни производи; истакнување реклами, објави и огласи) Комунални услуги правни и физички
7 Барање за вонреден превоз по општински патишта правни
8 Барање за издавање на одобрение за отстранување на објект правни и физички
9 Барање за дозвола за поставување телефонски, телеграфски и други кабловски водови правни и физички
10 Барање за одобрение за раскопување на улица, коловоз, јавна или зелена површина правни и физички
11 Барање на одобрение за времена измена на режим на сообраќај правни
12 Поднесување на иницијатива до Градоначалник на општина Граѓански иницијативи правни и физички
13 Поднесување на иницијатива до Совет (на општина; на Источен плански регион; за социјална заштита на ИПР) правни и физички
14 Поднесување на предлози до Центар за развој за развој на Источен плански регион правни и физички
15 Барање за издавање на потврда за усогласеност со Стратегија за ЛЕР на општина правни
16 Барање за субвенции за инвертери, сончеви колектори, велосипеди, печки на пелети, фотоволтаици…. Финансиска помош физички
17 Барање за стипендија на талентирани ученици и студенти физички
18 Барање за еднократна финансиска помош физички
19 Поднеси пофалба, жалба или критика Инфо центар правни и физички
20 Пријави проблем правни и физички

 

Со имплементацијата на платформата за е-услуги ЛОГЕС се збогатува понудата на услуги кои ги нуди општината по електронски пат, како пристап до податоци од јавен карактер, плаќање данок, аплицирање за одобрение за градба, поставување на прашања до градоначалникот или советот и слично.

До е-услуги може да пристапите преку веб страната на општината со избор на иконата е-услуги или преку линкот https://eservices.eastregion.mk/

 

 

Сподели

Остави коментар