Известување за презентација на сообраќајниот проект (регулирање на сообраќајниот режим) за улиците: Македонска, Илинденска и Осоговска

Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека на ден 19.10.2023 година (четврток) во 10:00 часот во Домот на културата ќе се одржи состанок на кој ќе се презентира сообраќајниот проект (регулирање на сообраќајниот режим) за улиците: Македонска, Илинденска и Осоговска.

На состанокот ќе бидат присутни лицето кое е одговорно за изработка на сообраќајниот проект, градоначалникот и претставници од општината.

Ве покануваме доколку сте во можност да присуствувате на состанокот и со ваши предлози и забелешки да учествувате за успешна реализација на проектот.

Градоначалник,

Димчо Атанасовски

Сподели

Остави коментар