Сопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по предлог на урбанистички план за село Луковица (плански период 2021-2031) општина Македонска Каменица

Врз основа на член 28 став 4и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) и член 49 од Статутот на општина М. Каменица  (Сл. Гласник на општина М. Каменица бр. 20/19), Градоначалникот на општина М. Каменица донесе

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

            За организирање на ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА  И ЈАВНА АНКЕТА  по Предлог на Урбанистички план за село Луковица (плански период 2021-2031) општина  Македонска Каменица со тех.бр. 0801-03-03/22 12/2022 изработен од ДУТУ”ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ’’ ДОО Битола.

                     Просторот кој е предмет на Урбанистички план за село Луковица, Општина Македонска Каменица, се наоѓа југоисточно од градот Македонска Каменица и припаѓа во КО Луковица. Границата на плански опфат (граница на село) на Урбанистички план за село Луковица,Општина Македонска Каменица претставува затворени линија со прекршни точки со координати по x и у .

Истите можат да се видат детално во текстуалниот и графичкиот прилог на Предлог планот .

Граница на планскиот опфат со површина од 70,28 ха.

Во прилог на соопштението е дадена и едноставна мапа со граници на опфатот.

Целосниот Предлог  Урбанистички план за село Луковица (плански период 2021-2031) општина  Македонска Каменица со текстуален , графички и нумерички дел може да се види на веб страната на општината- www.makedonskakamenica.gov.mk

             Јавната анкета истовремено ќе се  спроведува и во електронска и во писмена форма.

Јавната анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е- урбанизам, а јавната анкета во писмена форма се спроведува со излагање на планот на јавно место во просториите на општината.

JАВНАТА АНКЕТА на Предлог  Урбанистички план за село Луковица (плански период 2021-2031) општина  Македонска Каменица ќе трае од 26.10.2023-27.11.2023 година

ЈАВНАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ќе се одржи на ден 01.11.2023 година во просториите на општина Македонска Каменица (сала за состаноци) со почеток од 14:00 часот;

 

Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица Предлог на Урбанистички план за село Моштица (плански период 2021-2031) општина  Македонска Каменица, ќе биде изложен на Огласна Табла на Општина Македонска Каменица , на web страната на општината и  во е-урбанизам како и на повеќе локации во село Луковица (месна заедница с.Луковица, локални колонијални продавници)  а подетални информации во врска за истиот ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам во општина Македонска Каменица.

Во споменатиот период може да се доставуват писмени забелешки, предлози и  мислења на анкетните листови.

Анкетните листови за учество во Јавната анкета можат да се подигнат од просториите на Општината – одделение за урбанизам, месните заедници  како и во електронскиот систем е-урбанизам во определениот рок.

  Градоначалник

                                                            Димчо Атанасовски

Документи

Соопштение

Предлог  урбанистички план за село Луковица (плански период 2021-2031)

Синтесен план

Анкетен лист

 

Сподели

Остави коментар