Градоначалникот Атанасовски: Започнавне со инсталирање на секундарната водоводна мрежа во село Тодоровци

Започнавме со поставување на секундарна водоводна мрежа и со инсталирање на нови водомерни единици за корисниците во село Тодоровци. Во рамки на проектот, ќе биде поставена и нова водоводна линија со можност за приклучување и на нови корисници.

Со овие активности на Јавното претпријатие “Камена Река” ќе овозможиме значително унапредување на водоснабдувањето и квалитетот на живот во оваа рурална средина од нашата општина.

Паралелно со овие активности, ЈП “Камена Река” врши уредување на повеќе јавни површини во градската средина, вклучувајќи го и просторот кај новоизградениот паркинг на улица Илинденска. Станува збор за активности за дополнително подобрување на урбаниот изглед и за подобрена функционалност во општина Македонска Каменица.

 

 

Сподели

Остави коментар