Богат репертоар на филмови за деца и младиници во Домот на култура во Македонска Каменица

 

Македонска Каменица, 14.11.2019 година – Во Домот на култура во Македонска Каменица, во организација на КИЦ „Романса“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ денес беа прикажани детските филмови „Џиновската крушка“ и „Кариран Нинџа“.

Станува збор за филмови кои ги опфаќаат интересите на различни возрасни групи ученици, па така филмот за „Џиновската крушка“ го следеа ученици до 4-то одд., додека „Карираниот нинџа“ го следеа учениците од 5-то до 9-то одделение.

„Можеме да се пофалиме дека општина Македонска Каменица е една од ретките општини кои поседуваат  и користат модерна дигитална кино опрема, обезбедена преку прекуграничната соработка на Македонска Каменица и општина Белица од соседна Бугарија. Како Културно инфомативен центар покрај својот репертоар, овозможен од општина Македонска Каменица и Советот на општината, во соработка со образовните институции во Македонска Каменица постојано реализираме и прикажувања на филмови за ученици и деца од предучилишна возраст. Покрај постојаните прикажувања на филмови за деца и младинци, нашиот реперотар опфаќа и прикажување на најновите национални и светски филмски остварувања. Така, оваа прилика ја користам да ги поканам граѓаните на општина Македонска Каменица и регионот да присуствуваат на вечерашното прикажување на филмот „Врба“, како најново филмско остварување на светски признатиот македонски режисер Милчо Манчевски“, – истакна Горан Огнановски, директор на КИЦ Романса од Македонска Каменица.

 

Сподели

Остави коментар