Дезинфекција на сите јавни локални институции во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица во соработка со Јавната установа Центар за јавно здравје Кочани ја спроведе мерката за дезинфекција на работните простории на јавните локални институции и просториите на општинската зграда заедно со канцелариите на подрачни канцеларии на министерствата и агенции.
Активностите се вршат согласно со Препораките од Владата и Одлуката од Локалниот совет за превенција на општина Македонска Каменица за заштита од пандемија на населението со коронавирус.

Претходно е извршена дезинфекција на просториите во ЈОУ Детска градинка „Бамби“. Со спроведувањето на оваа мерка за дезинфекција на јавните локлани институции се опфатени и основните училишта во селските средини, т.е. селата Саса, Моштица и Цера.

а

Сподели

Остави коментар