Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002) и член 19 од Статутот на Општина М.Каменица (“Службен гласник на Општина M.Каменица” бр.20/2019), Претсeдателот на Советот на ЕЛС М.Каменица донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на XXV (25та)седница на Советот на
ЕЛС Македонска Каменица
Седницата ќе се одржи на ден 21.10.2019 година со почеток во 10:00 часот во салата за состаноци во oпштина Македонска Каменица со следниот:
Д н е в е н р е д
–Усвојување на предлог- записник од 24та седница
на Советот на општина М.Каменица
- Предлог – Одлука за усвојување на Ребаланс (измена и дополнување) на Буџетот на општина Македонска Каменица за 2019 година.
2.Предлог-Одлука за усвојување на Физибилити студија за примена на мерки за енергетска ефикасност во системот на јавно осветлување.
3.Предлог-Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлување во општина Македонска Каменица преку воведување мерки за енергетска ефикасност според ЕСКО Модел.
4.Предлог-Одлука за утврдување на референтна потрошувачка на електрична енергија за јавно осветлување и референтни услови за експлоатација во општина Македонска Каменица.
5.Предлог-Одлука за усвојување на Годишен Извештај за работата на ЈОУДГ „Бамби“ Mакедонска Каменица за воспитната 2018/2019 година.
6.Предлог-Одлука за усвојување на Годишна Програма за работа на ЈОУДГ„Бамби“ Mакедонска Каменица за воспитната 2019/2020 година.
7.Предлог-Одлука за усвојување на финансиски извештај за работењето на ЈП„Камена Река“ Mакедонска Каменица за период од 01.01.2019 година до 30.09.2019 година.
8.Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Младен Лазаров од Македонска Каменица.
9.Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Даниел Јовановски од Македонска Каменица.
- Разно.
Совет на општина М.Каменица
Претседател Иван Кузмановски