Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002) и член 19 од Статутот на Општина М.Каменица (“Службен гласник на Општина M.Каменица” бр.20/2019), Претсeдателот на Советот на ЕЛС М.Каменица донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на XXXV (35та)седница на Советот на
ЕЛС Македонска Каменица
Седницата ќе се одржи на ден 27.08.2020 година со почеток во 10:00 часот во салата за состаноци во oпштина Македонска Каменица со следниот:
Д н е в е н р е д
–Усвојување на предлог- записник од 34та седница
на Советот на општина М.Каменица
1.Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен План за вработување во општина Македонска Каменица за 2021 година.
2.Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен План за вработување во ЈОУДГ „ Бамби“ Македонска Каменица за 2021 година.
3.Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на возрасни групи во ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица за 2020/2021 година со поголем број на деца односно со помал број на деца.
4.Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен План за вработување во ЈП„ Камена Река“ Македонска Каменица за 2021 година.
5.Предлог-Одлука за усвојување на финансиски извештај за работењето на ЈП „Камена Река“ Македонска Каменица за периодот од 01.01.2020 година до 30.06.2020 година.
6.Предлог – Одлука за усвојување на Годишен Извештај за работата на ООУ„Св.Кирил и Методиј” Mакедонска Каменица за учебната 2019/2020 година.
7.Предлог-Одлука за усвојување на Годишна Програма за работа на ООУ„Св.Кирил и Методиј” Mакедонска Каменица за учебната 2020/2021 година.
8.Предлог – Одлука за усвојување на Годишен Извештај за работата на СОУ „Миле Јаневски Џингар” Mакедонска Каменица за учебната 2019/2020 година.
9.Предлог-Одлука за усвојување на Годишна Програма за работа на СОУ „Миле Јаневски Џингар” Mакедонска Каменица за учебната 2020/2021 година.
10.Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во СОУ „Миле Jаневски Џингар “Mакедонска Каменица за учебната 2020/2021 година.
11.Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен План за вработување во СОУ „Миле Jаневски Џингар “Mакедонска Каменица за 2021 година.
12.Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен План за вработување во КИЦ „Романса“ Mакедонска Каменица за 2021 година.
13.Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Сара Атанасова од Македонска Каменица.
14.Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Ванчо Јангеловски од Македонска Каменица.
15.Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Зоран Стојовски од с.Саса Македонска Каменица.
16.Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Мица Митевска од Македонска Каменица.
17.Разно.
Совет на општина М.Каменица
Претседател
Иван Кузмановски