Вчера во просториите на Куќа на спортот во Македонска Каменица се одиграа финалните натпревари од летниот турнир во шах во организација на Шаховскиот клуб „Каменица-Саса“. Турнирот се одигра според швајцарски систем на натпреварувања, во текот на изминатите 17 дена.
Победник во машка сениорска конкуренција е Лазо Стаменковски, победник и на поселедниот турнир одигран пред дури 25 години . Второ место освои Стојче Милошевски, а третото место им припадна на Ферчо Ивановски и Славе Ивановски. .
Во женска конкуренција- сениори најуспешна беше Славка Димитровска, втора Валентина Васевска, а третото место го освои Лилјана Павлова.
Судија на натпреварувањето, во текот на целиот турнир беше Владо Стаменковски.
Спонзори на турнирот се општина Македонска Каменица и Рудник САСА. Според заедничките планови со ШК „Каменица Саса“, општината преку слични вакви настани и проекти има за цел, пред се шахот да го приближи и до најмладите преку нивно вклучување и имплементирање на шахот во школските часови како факултативна настава за учениците од училиштата. Повторното враќање на шахот како игра во Македонска Каменица е идеја на група ентузијасти, вљубеници во шаховската игра, кои за краток период успеаа да го организираат и одиграат овој шахосвки турнир, кој се надеваме, како Општина дека ќе прерасне во убава традиција.