Домот на култура ќе биде домаќин на Лесновската ликовна колонија

Во Изложбениот салон од Домот на култура во Македонска Каменица со почеток од 12:30 часот, на 30. Мај ќе се одржи ликовна изложба на слики од Меѓународната Лесновска ликовна колонија.

Уметниците Ѓоко Антониев, Христина Стојчевска, Тони Чатлески, Ангел Коруновски од Македонија, Олга Панкина, Светлана Владимирова Орлова и Светлана Еланцева од Русија, Немања Јовановиќ и Јелена Тамбуриќ од Србија и Маријана Везарова од Бугарија кои престојуваа во Лесново и твореа со инспирација од Лесновскиот манастир, пештерските цркви, пештерите од каде што се вадел прочуениот воденичарки камен, вулканскиот кратер и прекрасната природа што го опкружува амбиентот во ова поднебје.

 

Сподели

Остави коментар