Ново улично осветлување на влезот и излезот од Македонска Каменица

Македонска Каменица, 16.12.2020 година – По замената на стариот и воведувањето на нов штедлив „смарт“ систем на осветлување на целата територија, општина Македонска Каменица продолжува со инсталирање на нови енергетски ефикасни системи за осветлување. Покрај предвиденото осветлување на градскиот кеј на Каменичка река, општина Македонска Каменица започнува со реализација на проектот за осветлување на дел од магистралниот пат А3 (влез и излез од градот).

Градоначалничката Соња Стаменкова во најавата на проектот кажа дека, станува збор за проект кој предвидува поставување на енергетски ефикасно осветлување на двата влеза во градот со вкупна должина од 2190 метри.

Овој проект има оромно значење за општина Македонска Каменица во однос на подобрувањето на инфраструктурата , условите на магистралната патна мрежа, како и подобрување на безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, – додаде градоначалничката Стаменкова

За реализација на овој проект, вкупно се потребни 10.388.055,00 денари. Поголемиот дел од средствата се обезбедени преку Бирото за рамномерен развој, со поддршка од Источноплански регион (ИПР), додека останатите средства се издвоени од Буџетот на општина Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар