ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОСТАПНОСТ НА ДОКУМЕНТ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА/ВИДЕО КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ДОКУМЕНТОТ ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СО СОЦИЈАЛНИТЕ АСПЕКТИ (ПУЖССА) “НАДГРАДБА НА ЛОКАЛЕН ПАТ ВО Н.М. ТОДОРОВЦИ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛЕН ПАТ ЗА Н.М. ЦЕРА, ДЕЛНИЦА ОД КРАПЕВСКА МААЛА ДО СТИПЦАРСКА МААЛА И КРАК ДО МААЛСКИ ГРОБИШТА“, МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА ВО РСМ

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Македонска Каменица аплицираше со проект за “Надградба на локален пат во н.м. Тодоровци и реконструкција на локален пат за н.м. Цера, делница од Крапевска маала до Стипцарска маала и крак до маалски Гробишта“.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Македонска Каменица  (https://makedonskakamenica.gov.mk/)  на 24 декември 2020.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Со цел презентирање на главните наоди од подготвениот документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти”, како и запознавање со проектните активности Министерството за транспорт и врски заедно со Општина Македонска Каменица ќе организираат јавна расправа која поради ситуацијата со COVID 19 ќе се одвива преку видео конференција на ден 29 декември (вторник) 2020 со почеток во 14.00 часот.

Сите заинтересирани лица нека достават барање за учество по е-маил на следнава адреса: irena.paunovikj.piu@mtc.gov.mk најкасно до 28 декември (понеделник) 2020, до 15.00 часот. Ве молиме да се регистрирате/поврзете на линкот кој ќе Ви биде доставен на вашата е-маил адреса за учество на настанот. Ве молиме да се регистрирате/поврзете на линкот кој ќе Ви биде доставен за учество на настанот.

ДНЕВЕН РЕД за одржување на јавна расправа/видео консултација за документот “План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА)“ за “Надградба на локален пат во н.м. Тодоровци и реконструкција на локален пат за н.м. Цера, делница од Крапевска маала до Стипцарска маала и крак до маалски Гробишта“, Македонска Каменица во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

ОБРАЗЕЦ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ КОМЕНТАРИ и ПРЕДЛОЗИ за ПУЖССА Проект: Надградба на локалниот пат во село Тодоровци и локален пат во село Цера, делница од Крапевска Маала до Штипска Маала и гранка на патот до гробиштата, во Општина Македонска Каменица

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и одржување на јавна расправа/видео консултација за документотПлан за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) “Надградба на локален пат во н.м. Тодоровци и реконструкција на локален пат за н.м. Цера, делница од Крапевска маала до Стипцарска маала и крак до маалски Гробишта“, Македонска Каменица во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИТЕ АСПЕКТИ (ПУЖССА) Надградба на локален пат во н.м. Тодоровци и реконструкција на локален пат за н.м. Цера, делница од Крапевска маала до Стипцарска маала и крак до маалски Гробишта, Македонска Каменица

ENVIRONMENTAL AND SOCIAL MANAGEMENT PLAN (ESMP) Upgrading of local road in village Todorovci and local road in village Cera, section from Krapevska Maala to Stipcarska Maala and road branch to neighborhood Cemetery, in Municipality of Makedonska Kamenica

Министерството за транспорт и врски

Единица за имплементација на проект

Сподели

Остави коментар