Општина Македонска Каменица денес беше домаќин на дечињата од детската градинка „Бамби“

Градоначалничката Соња Стаменкова денеска во својот кабинет ги прими дечињата од ЈОУДГ „Бамби“. При посетата од едукативен карактер, дечињата имаа можност да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа и надлежностите на функцијата градоначалник. Како функционира општината, кои се нејзините ингеренции и одблиску да се зпознаат со начините на кои се менаџираат секторите преку кои се олеснува животот на граѓаните во Општината.


Одговарајќи на нивните прашања , градоначалничката Стаменкова им објасни дека помеѓу другите институции во градот и детската градинка е под надлежност на локалната самоуправа. Им се заблагодари на посетата , ги покани на повторна средба во својот кабинет, а им најави дека наскоро ќе ја посети и нивната „Бамби“.

Во рамки на Манифестацијата – „Недела на детето“ која што секоја година се одбележува во првата недела од месец Октомври, детската градинка „Бамби“ од Македонска Каменица овој настан го одбележува со пригодна неделна програма, со редица активности во кои учествуваат дечињата и вработените при установата.Активностите околу оддбележувањето на „Недела на детето“ започнаа во понеделник во холот од детската градинка. Програмата беше организирана заедно со децата посетители на Центарот на лица со посебни потреби во Македонска Каменица. Дечињата во текот на неделата имаа можност да посетат и дел од останатите институции во градот и тоа: пошта и банка, Дом на култура и Библиотека, како и полициската станица во Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар