Традиционален предновогодишен коктел во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица, по повод Новогодишните и Божиќните празници, организира традиционален коктел за сите локални жители. Коктелот ќе се оддржи во петок (29-ти декември 2017 година), во Ресторан „Саса“, со почеток од 16.30 часот.
На традиционалниот предновогодишен коктел, покрај официјалниот дел, ќе има и музичка програма во рамки на која ќе настапи локалниот бенд Риплеј. Генерален покровител на настанот е Рудник „Саса“ Македонска Каменица.

Официјалниот фејсбук настан е на следниов ЛИНК.

Сподели

Остави коментар