Македонска Каменица се вклучува во интернационалната иницијатива „Седмица за собирање на е-отпад“

Општина Македонска Каменица преку работните активности на ЈП Камена Река се вклучува во Интернационалната иницијатива “Седмицата за собирање на е-отпад”
Општина Македонска Каменица и ЈП „Камена Река“, во соработка со Елколект – Скопје се приклучуваат кон глобалната иницијатива за заштита на животната средина „Седмица за собирање на е-отпад“.
Акцијата во Македонска Каменица, како и во повеќето општини во Македонија, ќе се одржи во периодот од 23 до 27 септември 2024 година.
Целта на активноста е да се подигање на свеста кај граѓаните од важноста за правилното одлагање на старите електронски уреди од домаќинствата. Овој вид отпад содржи опасни материи кои треба правилно да се одлагаат, бидејќи истите можат да бидат причинители за контаминирање на почвата и подземните води со опасни материи.
ЈП “Камена Река, дополнително ќе ги објави начините на собирање, како и локациите со собирните пунктови каде граѓаните ќе можат да извршат примопредавање на е-отпадот.
Со оваа акција, Општина Македонска Каменица и ЈП “Камена Река” даваат свој придонес во одбележувањето на чиста и здрава животна средина.
Напоменуваме, дека како граѓани треба масовно да се вклуиме во оваа Интернационална кампањата, како би покажале висока свест и лична одговорност кон природата.

Сподели

Остави коментар