Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилникот за доделување на еднократна парична помош на семејства со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Македонска Каменица бр.08-1738/1 од 21.09.2022 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот: ЈАВЕН ПОВИК…
МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Општина Македонска Каменица набавува ново специјално противпожарно возило
Општина Македонска Каменица објави постапка за јавна набавка и испорака на ново специјално противпожарно возило, наменето за потребите на Територијалната противпожарна единица. Набавката на новото возило ќе придонесе за зајакнување на оперативните капацитети на противпожарната единица и подобрување на условите за работа на пожарникарите. Современото специјално возило ќе овозможи побрза, поефикасна и побезбедна интервенција при…
Три предлог-проекти продолжуваат во следната фаза од Проектниот форум
Во Македонска Каменица се одржа третата сесија на Проектниот форум, кој се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“. На форумската сесија беа презентирани и дискутирани предлог-проектите од областа на локалниот економски развој, по што во следната фаза продолжуваат три предлог-проекти: Музеј на рударство ЕКО пазар во Македонска Каменица Изградба…
Покана за третата сесија на Проектниот форум во Македонска Каменица
Општина Македонска Каменица ги поканува граѓаните да земат активно учество на третата сесија на Проектниот форум, која ќе се одржи на 10 септември 2026 година, со почеток во 13:00 часот, во Спортската сала зад СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ во Македонска Каменица. На третата форумска сесија ќе бидат детално презентирани четири предлог-проекти од областа на…
Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за енергетски ефикасни фасади и реконструкција на кровови
Проект за воспоставување на one-stop-shop за подобрување на енергетската ефикасност, во станбениот сектор, во рамки на проектот OSS HABITAT Општина Македонска Каменица ги известува заинтересираните заедници на сопственици и сопствениците на посебни делови во станбени згради дека е продолжен рокот за поднесување апликации на Јавниот повик за субвенционирање за изработка на проектна документација, поставување енергетски…




